Надица Битољану

Претседател на жири

Професор по класичен балет и историја на уметност во Државниот Музичко-балетски училишен центар ,,Илија Николовски - Луј во Скопје. Шеф е на Балетскиот оддел од 2002 год. Успешно организира и реализира бројни настапи, концерти, тв. емисиии и гостувања. Иницијатор е за отварање на насока за современ балет и активно учествува во реализација на истата во 2004 год. со изработката на плановите и програмите по сите стручни предмети. Со свои ученици учествува на професионални балетски натпревари каде освојува награди и признанија. Со стручни трудови учествува на советувања, трибини, семинари во Македонија, Србија, Бугарија, Грција, Франција и Германија. Се занимава и со балетска критика пишувајќи за “Нова Македонија“, “Време“, “Утрински весник“.
                                                                                     

ДМИТРИЈ КАЈГОРОДОВ

Професор и кореограф, заслужен уметник на културата на Украина, директор на киевскиот колеџ за кореографија, генерален директор на театарот “Млад балет“ во Киев.
 

Eлена књазева

Активен изведувач на индискиот класичен танц во стилот Одиси, автор и раководител на проектот Одиси со Елена Књазева, член на жирија на повеќето меѓународни натпревари.

Лилјана Боневска

Професор по класичен балет, карактерни игри, историски игри, репертоар и методика на класичен балет во ДМБУЦ. Илија Николовски –Луј - Скопје

ПРОФ. Д-Р ВЛАДИМИР ЈАНЕВСКИ

Етнолог - Етнокореолог, Продекан за настава и Професор на Катедрата за Етнокореографија на музичката академија на универзитетот Гоце Делчев во Штип. Професор во насоката за традиционална музика и игра при Дмбуц Илија Николовски Луј, Скопје.
 

Верица Василеска

Тренер и инструктор во Танцов Спортски Клуб “РитамПлус“. Претседател на судиска комисија на Танцова Спортска  Федерација на Македонија и WDSF судија.

Андријана Петковски

Балерина, солист во МОБ, кореограф, Национален судија во Модерни Танци.

Александра Кочовска Начева

Kореограф, танчер, педагог во ДМБУЦ “Илија Николовски - Луј“