Марјан Катароски

Директор на фестивалот

Задоволство ми е да ги поздравам учесниците на Интернационалниот фестивал “X-Dance” кој е неспоредлив во обем и грандиозност танцов натпревар. Секоја година се проширува географијата на фестивалот и расте бројот на учесници и држави. Овие факти му даваат основа на фестивалот да открива нови танцувачки хоризонти како и нови таленти. Им посакувам на сите учесници и гости на фестивалот успех кон патот на уметноста.

Сања Шутевска

Уметнички директор

Овој фестивал го слави танцот со сите негови форми и стилови. Префинетоста, елеганцијата, достоинственоста на класичниот балет енергијата на современиот танц, динамиката на модерниот танц не плени и маѓепсува со своето движење во просторот. Испровоцирани и мотивирани од уметноста на Терпсихора ќе се трудиме секое следно издание да биде подобро од предходното и на тој начин оправдано да прераснеме во еден од најдобрите фестивали во овој регион. Танцот има единствен, совршен и оригинален јазик затоа повелете заедно да танцуваме.