Од 15 до 21 јуни 2017 година во Струга, Македонија ќе се одржи Меѓународниот натпревар на кореографија “X-ДЕНС“. 

УСЛОВИ НА НАТПРЕВАРОТ

1. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

1.1. За учество на натпреварот се покануваат кореографски групи, балетски трупи и артисти на танцови проекти.
1.2. За учество на натпреварот се праќа пријава по приложена форма и ДВД или медиа фајл на адреса или е-пошта  на организаторот, со снимка на пријавените кореографски точки најдоцна до 01 април. Испратените материјали не се рецензираат и не се враќаат.
1.3. Со пријавата треба да се испратат и фотографија на секој од учесниците на групата со размер 2,5 х 3,5 cm, со напишано име и презиме на задната страна.
1.4. По резултатите од видео изборот, организаторот ги испраќа официјалните покани не подоцна од 10 мај.

2. АКРЕДИТАЦИЈА

2.1. За акредитирање на натпреварот неопходно е да се има официјална покана и до денот на пристигнувањето да се има извршено уплата во износ од 2.500 денари за солисти, 1,250 денари по учесник за дует, 1,900 денари по учесник за група (3 до 7), 1,250 денари по учесник за формација (8 до 25) и 650 денари по учесник за продукција.
2.2. Средствата да се уплаќаат на следната сметка:
      Естрада МЦ – Прилеп
             300020000156496
      Комерцијална банка
      Назнака: партиципација за учество на натпреварот
2.3. Пополнетата пријава, потребните материјали и доказ за извршената уплата де се испратат на следната адреса:    
          МЕЃУНАРОДЕН НАТПРЕВАР НА КОРЕОГРАФИЈА
          „X-ДЕНС“
          „5та прилепска бригада“ 8
          7500 Прилеп
          Или на e-mail: estrada@t-home.mk
2.4. Патните трошоци ги сносат самите учесници на натпреварот. 
2.5. Акредитираните учесници имаат право за посетување на сите фестивалски настани.

3. УСЛОВИ НА НАТПРЕВАРОТ

3.1. На натпреварот се отценуваат претставените кореографски точки во целост.
3.2. Натпреварот се изведува во следните дисциплини:
-    Класичен балет
-    Современ танц
-    Естраден танц
-    Street Dance танц
-    Спортски танц
-    Бални танци
-    Народно-стилизиран танц
-    Народно-сценски танц
-    Фолклор
3.3. Учесниците на натпреварот самостојно го одредуваат жанрот на кореографските точки , тематиката и времето на секоја точка. Општото време на точките од натпреварувачката програма не смее да е надмине 10 минути.
3.4. Натпреварот се изведува во три дена. На првиот натпреварувачки ден се изведува првата точка а на вториот натпреварувачки ден се изведува втората точка. Третиот ден се мастер класовите и Гала концертот на кој што се изведуваат најдобрите точки по избор на организаторот.
3.4. На секоја група и се овозможува една проба на сцена.
3.5. Редоследот на учесниците го одредува организаторот. 
3.6. Фонограмите на кореографските точки треба да бидат доставени на CD. На опаковката треба да биде укажано името на учесникот и делото.

4. КЛАСИЧЕН БАЛЕТ

4.1. Возрасни категории:
Подкатегорија:     до 12 години
-    I     13 – 15 години
-    II    16 – 18 години
-    III   19 – 26 години за жени, до 30 за мажи
4.2. Задолжителни елементи во програмата: вариации и па де де (pas de deux) од класичен балетски репертоар и тоа: П.И.Чајковски – Лебедово езеро, Оревокршачка, Заспаната убавица; Л.Минкус – Корсар, Дон Кихот, Бајадера, Пахита; А.Адам – Жизел, А.Глазунов – Рајмонда; Л.Делиб – Копелија; Ч.Пуни – Есмералда, Сатанела, Дајана и Актеон; П.Хертел – Ѓаволеста девојка; Б.Асафиев – Пламен во Париз;
4.3. Програмата треба да се состои од две вариации или едно па де де.
4.4. Во согласност со жири комисијата можни се и отстапки во однос на изборот на програмата.

5. СОВРЕМЕН ТАНЦ

5.1. Возрасни категории:
-    I     10 – 13 години   (соло, дуо, група од 3 до 7, формација од 8 до 24)
-    II    14 – 17 години   (соло, дуо, група од 3 до 7, формација од 8 до 24)
-    III   18 – 22 години   (соло, дуо, група од 3 до 7, формација од 8 до 24)
-    IV   над  22 години   (соло, дуо, група од 3 до 7, формација од 8 до 24)
-    V    мешана возраст
5.2. Џез-модерн, слободна пластика, contemporary, деми-класика, неокласика, конактна импровизација.
5.3. На натпреварот се изведуваат 2 точки во една дисциплина и во една возрасна категорија. Секоја точка не смее да трае повеќе од 5 минути.

6. ЕСТРАДЕН ТАНЦ

6.1. Возрасни категории:
-    I       4 –   7 години   (соло, дуо, група од 3 до 7, формација од 8 до 24)
-    II      8 – 11 години   (соло, дуо, група од 3 до 7, формација од 8 до 24)
-    III   12 – 15 години   (соло, дуо, група од 3 до 7, формација од 8 до 24)
-    IV   над 16 година    (соло, дуо, група од 3 до 7, формација од 8 до 24)
-    V    мешана возраст
6.2. Шоу танц, вариете, кабаре, степ, акробатски рок-енд-рол, спортски аеробик....
6.3. На натпреварот се изведуваат 2 точки во една дисциплина и во една возрасна категорија. Секоја точка не смее да трае повеќе од 5 минути.

7. STREET DANCE ТАНЦ

7.1. Возрасни категории:
-    I       4 –   7 години   (соло, дуо, група од 3 до 7, формација од 8 до 24)
-    II      8 – 11 години   (соло, дуо, група од 3 до 7, формација од 8 до 24)
-    III   12 – 15 години   (соло, дуо, група од 3 до 7, формација од 8 до 24)
-    IV   над 16 година    (соло, дуо, група од 3 до 7, формација од 8 до 24)
-    V    мешана возраст
7.2. Хип-хоп, диско, техно, електрик буги, брејк денс ...
7.3. На натпреварот се изведуваат 2 точки во една дисциплина и во една возрасна категорија. Секоја точка не смее да трае повеќе од 5 минути.

8. НАРОДНО-СТИЛИЗИРАН ТАНЦ

8.1. Возрасни категории:
-    I       4 –   7 години   (соло, дуо, група од 3 до 7, формација од 8 до 24)
-    II      8 – 11 години   (соло, дуо, група од 3 до 7, формација од 8 до 24)
-    III   12 – 15 години   (соло, дуо, група од 3 до 7, формација од 8 до 24)
-    IV   над 16 година    (соло, дуо, група од 3 до 7, формација од 8 до 24)
-    V    мешана возраст
8.2. Танц заснован на национална кореографија со користење на разни танцови стилови и жанрови, со музички материјал со кој што може да се служи народната музика во различни обработки.
8.3. На натпреварот се изведуваат 2 точки во една дисциплина и во една возрасна категорија. Секоја точка не смее да трае повеќе од 5 минути.

9. НАРОДНО-СЦЕНСКИ ТАНЦ

9.1. Возрасни категории:
-    I       4 –   7 години   (соло, дуо, група од 3 до 7, формација од 8 до 24)
-    II      8 – 11 години   (соло, дуо, група од 3 до 7, формација од 8 до 24)
-    III   12 – 15 години   (соло, дуо, група од 3 до 7, формација од 8 до 24)
-    IV   над 16 година    (соло, дуо, група од 3 до 7, формација од 8 до 24)
-    V    мешана возраст
9.2. Во поставките можат да бидат користени танци на народите од светот во канонски варијанти, конкретно изразен стил и манир во изведбата на секој народ и нераскинливо поврзан со музиката.
9.3. На натпреварот се изведуваат 2 точки во една дисциплина и во една возрасна категорија. Секоја точка не смее да трае повеќе од 5 минути.

10. ФОЛКЛОР

10.1. Возрасни категории:
-    I       4 –   7 години   (соло, дуо, група од 3 до 7, формација од 8 до 24)
-    II      8 – 11 години   (соло, дуо, група од 3 до 7, формација од 8 до 24)
-    III   12 – 15 години   (соло, дуо, група од 3 до 7, формација од 8 до 24)
-    IV   над 16 година    (соло, дуо, група од 3 до 7, формација од 8 до 24)
-    V    мешана возраст
10.2. Етнички поставки, со користење на народните танцови, вокални, инструментални техники и костими.
10.3. На натпреварот се изведуваат 2 точки во една дисциплина и во една возрасна категорија. Секоја точка не смее да трае повеќе од 5 минути.

11. РАБОТА НА ЖИРИ КОМИСИЈАТА

11.1. Составот и условите за работа на меѓународната жири комисија на натпреварот ги утврдува организаторот.
11.2. Секоја точка се отценува со бодовен систем. 
11.3. Меѓународната жири комисија има право да не досуди некоја од најавените награди по условите на натпреварот.
11.4. Одлуката на меѓународната жири комисија не подлежи на жалба и повторно разгледување.

13. НАГРАДИ НА НАТПРЕВАРОТ

13.1. Учесниците можат да освојат награди “Лауреат” I, II и III степен, “Специјални награди“, “Диплома за учество”. “Лауреатите” I, II и III степен добиваат статуетки на фестивалот и подароци.
13.2. Гран при и парична награда во износ од 1.000 USD се доделува на учесникот кој што има освоено не помалку од 85% од максималноиот број на бодови независно од дисциплината. Паричната награда за Гран при е неделлива.

14. ОРГАНИЗАЦИОНИ ПРАШАЊА

14.1. Податоци за пристигнувањето на учесниците се соопштуваат на организаторот до 1 јуни.
14.2. Колективите должни се да имаат соодветно количество на придружни лица кои што ќе ја гарантираат безбедноста на децата.
14.3. Неисполнувањето на барањата од условите на фестивалот доведува до исклучување од учеството во натпреварувачката програма на фестивалот.
14. 4. Сите материјали (аудио, видео и печатената продукција), создадени на фестивалот, организаторите ги сметаат за своја сопственост и имаат право да ги користат и распространуваат информациите по свое наоѓање без плаќање на хонорари на учесниците.
14.5. Организаторот има право да врѓи измени на одредени точки.